Тврди дека се вратил од 6000-та година, а покажа и фотографија: Се кријам бидејќи не сакаат да го знаете ова

Маж во видео објавено на Јутјуб тврди дека се вратил од иднината, односно од 6.000-та година и дека има многу да каже за иднината на оваа планета, а како доказ покажува матна фотографија од футуристички град.

Наводниот патник низ времето тврди дека во иднината отпатувал со помош на напредна технологија која постои, но властите не сакаат јавноста да знае за неа.

„Морам да се кријам бидејќи не сакаат ова да се знае.“, тврди тој.

Изнел бројни детали за тоа како светот се променил низ четири милениуми.

Вели дека во 6.000-та година постои можност за телепортација, а патувањето низ времето е достапно за секој кој има доволно пари тоа да го плати.

Во видеото во прилог откријте што друго вели овој „патник низ времето“.