Во пресрет на празниците: Обичаи за Бадник и Божиќ – еве што треба да направите

Од 28 ноември до 7 јануари трае божиќниот пост и еве што подразбира.

Целта на постот е чистење на душата и телото од страсти и гревови. Исто така, подразбира воздржување од лоши навики, мисли и дела.

Божиќ претставува завршување на еден циклус, а последниот ден од Божиќниот пост е Бадник кога целото семејство треба да биде собрано заедно. Вечерта тој ден се внесува бадник во куќата, а обредот подразбира палење на бадник за здравје и благосостојба.

За Бадник задолжително се подготвува посна трпеза. Дел од трпезата треба да бидат суви сливи, смокви, кајсии, јаткасти плодови.

Обично се приготвува слата од компири, риба, грав и суви полнети пиперки. Потоа на богатата посна трпеза може да се најдат и пита од компири или зелка.

За десерт може да се послужат ситни колачи, пита од тиква, баклава и слични десерти.

Бадниковата трпеза, секако, ја краси свеќа, а после вечерата семејствата одат до црква каде се дочекува Божиќ.

Божиќната трпеза се одликува со разни јадења, постот завршува, така што домашните можат да се омрсат со традиционалните јадења: супа, сарма, печење, мисирка…

Се прави и пита со паричка, се верува дека на оној кој ќе му падне паричката ќе има среќа цела година.